Нов контингент од 58,500 дози вакцини на „Фајзер-Бионтек“ пристигна во Србија, што преставува досега најголемата единечна испорака на вакцините на ова акомпанија.

Вакцините се доставени до Институтот Торлак, од каде ќе бидат дистрибуирани до пунктовите за вакцинација.

Синоќа во Србија пристигнаа и 100.000 втори дози на руската вакцина „Спутник V“, а на 5 март треба да пристигнат уште половина милион кинески вакцини „Синофарм“.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, во Србија сè уште има многу голем број на заболени пациенти од коронавирус.

Според најновите податоци во последните 24 часа, во Србија се регистрирани 3.469 нови случаи на коронавирус и 16 смртни случаи.

Досега во Србија вкупно 462.728 лица се имаат разболеле од овој вирус, а регистрирани се 4.459 смртни случаи. На болничко лекување се наоѓаат 3.977 пациенти од кои 164 се на респиратори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.