Вкупно 2.045 лица во Србија останале без работа од 23 март до први април, соопшти Министерството за труд.

Од оние новорегистрирани во март кои се пријавиле во Националната служба за вработување по прекинувањето на работниот однос или вработувањето, најголем број се од трговијата и угостителството.

Од 15 март, кога беше воведена вонредна состојба, вкупно 1.860 лица поднеле барања за остварување на право на паричен надоместок, од кои 1.486 поднеле пријави по електронски пат (почнувајќи од 23 март, кога беше воведена можноста).

Министерот за труд, вработување, боречки и социјални прашања, Зоран Ѓорѓевиќ, рече дека отпуштањето на работниците без основа и праќањето на вработените на неплатен одмор без нивна согласност претставува кршење на законот за работни односи и рече дека сите работодавци кои го прават тоа ќе бидат казнети, и дека државата ќе застане зад работниците што ќе се најдат во таква ситуација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.