Во последните 24 часа во Србија биле регистрирани 202 новозаразени од 8.853 тестирани, а тројца пациенти починале.

Во моментот има 323 хоспитализирани, од кои 10 пациенти се на респиратори.

Од почетокот на пандемијата, 7.098 лица починаа од последиците на вирусот во Србија, додека 719.664 лица беа заразени.

Експертскиот комитет за имунизација им препорача на граѓаните на Србија кои ја примиле втората доза на вакцина пред најмалку шест месеци да им се даде трета доза, базирана на технологијата на РНК, како што се произведени вакцините од компаниите Фајзер и Модерна.

Во препораката се наведува дека неколку студии досега покажале оти примената на третата доза доведува до зголемување на имунолошкиот одговор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.