Првиот случај на мајмунски сипаници е регистриран во областа Машва (западна Србија), потврдено е и од Заводот за јавно здравје во Шабац.

На маж од Шабац, за кој велат дека има над 50 години, му се слошило, а инфекцијата била „увезена“ од странство, односно потврдена откако се вратил од одмор.

Од Институтот за јавно здравје во Шабац истакнаа дека се следат контактите на заболеното лице, а со оглед на тоа што лицето не е заразно во периодот на инкубација, не е неопходно да се стави во карантин, туку се врши само активен епидемиолошки надзор, пренесуваат српските медиуми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.