Во последните 24 часа во Србија се потврдени 40 починати од коронавирус и 6.462 нови случаја. Во болница се лекуваат 5.401 пациент, од кои 201 се на респиратор.

Вкупниот број на заболени од почетокот на епидемијата се искачи на 899.485.

Од почетокот на епидемијата во Србија починаа 7.966 лица.

Србија е на 37. место во светот според бројот на заразени, според листата што ја објавува специјализираната веб-страница worldometers.info, а според бројот на смртни случаи на милион жители земјата се наоѓа на 76. место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.