Припадници на хрватската полиција во Сплит уапсиле двајца државјани на Македонија под сомнение дека извршиле пет измами и тешка кражба, предизвикувајќи материјална штета од 200.000 куни (околу 26.000 евра).

Станува збор за двајца мажи на 76 и 68-годишна возраст од Македонија кои извршиле пет кривични дела- измама во август и септември на подрачјето на Сплит, Трогир и Примоштен.

Фатени биле откако двајцата мажи извршиле тешка кражба, во реонот на Дубровник. Како што пишува порталот Индекс.хр извлекле пари буквало од раката на само еден од повеќето оштетени хрватски државјани, кој се посомневал во вистинитоста на нивната приказна. Проценетата материјална штета од неколкуте кривични дела кои ги сториле се проценува на околу 200.000 куни.

За време на кривичната истрага, извршен бил претрес на лично возило и стан во областа Омиш, користени од осомничените. Притоа биле пронајдени поголема сума на пари, неколку лажни златни часовници и неколку катанци.

Уапсените мажи се предадени за притвор под сомнение дека сториле пет кривични дела-измама и кривично дело тешка кражба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.