Здравствената состојба на мажот кој е примен во Клиничката болница во Сплит поради сомневање дека е заразен со коронавирус е стабилна, и се уште се чека на конечниот лабораториски резултат.

Претставници на Клиничката болница соопштија дека брисевите се испратени во Загребската болница за инфективни болести „Фран Михаљевиќ“.

Според агенцијата Хина, пациентот имал лесна респираторна инфекција и ќе остане во изолација.

Дал,атински портал вчера јави дека пациентот неодамна престојувал во Кина и затоа е превентивно изолиран.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.