Заменик-министерот за цивилна заштита на Грција, Никос Хардаљас и претседателот на Националната организација за јавно здравје итно заминаа за Солун по откриен случај на јужноафриканската мутација на Ковид-19.

Од Секретаријатот за цивилна заштита на Грција соопштуваат дека по состанокот одржан со епидемиолозите, било одлучено Хардаљас и Аркуманес да заминат за Солун за да ја оценат ситуацијата.

Станува збор за прв потврден случај во Грција на јужноафриканскaтa мутација на Ковид-19.

Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција, објавени во текот на минатата седмица, во земјата има 66 случаи на британската мутација на вирусот,

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.