Докторите во Словенија потврдија 38 случаи на новозаразени со коронавирусот, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Со овие нови, вкупниот број заразени лица сега изнесува 1.067.

Во изминатите 24 часа, тестирани за вирусот биле 1.067 граѓани, а поради Ковид-19 хоспитализирани биле шест лица. Во истиот период оздравеле четири пациенти кои веќе се отпуштени од болница.

Владиниот портпарол Јелко Кацин изјави дека засега заразата се држи под контрола, но дека кривата на заразени лица може многи лесно да се сврти нагоре доколку не се почитуваат мерките на Владата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.