Група здравствени работници на италијанската армија пристигнuvaaт во Словенија за да им помогнат на словенечките колеги да ги лекуваат пациентите со Ковид-19, потврди словенечкото Министерство за одбрана.

Станува збор за 10 анестезиолози и десет медицински сестри и техничари кои ќе се приклучат на словенечката воена амбуланта која му помага на цивилниот сектор во болниците во Љубљана, Целје, Марибор и Ново Место.

Словенија во моментов е во исклучително тешка состојба поради епидемијата на ковид во земјата.

На свеченост во касарната во Крањ попладне ќе ги пречекаат министерот за здравство Јанез Поклукар и министерот за одбрана Матеј Тонин, соопшти словенечката влада.

Тонин постигна договор за ваква форма на помош за Словенија, која е во потешка епидемиолошка ситуација од соседна Италија, за време на работната посета на Рим пред две недели, на средбата со италијанскиот колега Лоренцо Гуерини, кога беше објавено дека 30тина припадниц на италијанската војска би дошле во Словенија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.