Во Словенија, во последните 24 часа потврдени се 30 нови инфицирани со новиот вирус, речиси двојно повеќе од претходниот ден, кога беа евидентирани 16 новозаразени.

Шест лица се хоспитализирани во земјата, а нема ниту еден пациент на интензивна нега. Нема регистрирано нови смртни случаи предизвикани од „Ковид-19“, така што бројот на починати останува 111 лица.

Бројот на нови случаи е најголем дневен раст на заразени лица во последните два и пол месеци.

За разлика од ситуацијата од почетокот на епидемијата, која беше прогласена кон средината на март, сега помладите луѓе доминираат повеќе кај новозаразените и има повеќе мажи од жени, пишува 24сата.хр.

Како што јавува Дневен аваз, во БиХ според најновите податоци заразени се 218 луѓе. Од нив, 115 во Федерацијата БиХ, додека 103 во Република Српска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.