По идентификацијата на британската и јужноафриканската мутација на коронавирусот,  во Словенија е потврдена и нигериската мутација, јави синоќа приватната телевизија ПОП ТВ.

Досега се откриени седум случаи на најновата мутација, а ги откри лабораторијата на Универзитетскиот медицински центар Љубљана, пренесуваат словенечките медиуми.

Досега достапните податоци покажуваат дека нигериската мутација веројатно нема да предизвика потешка форма на Ковид-19.

Јужноафриканската мутација во Словенија е потврдена на 9 февруари кај 54-годишен маж, што укажува на тоа дека инфекцијата на докторот од Марибор не била како што се верувало.

Министерот за здравство Јанез Поклокар на вчерашната прес-конференција рече дека минатата недела се потврдени 62 случаи на британската мутација и еден случај на јужноафриканската, додавајќи дека тој не знае ништо за присуството на нигерискиот вид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.