Во Словенија, се појавија луѓето кои се подготвени да се вакцинираат неколку пати за да добијат „награда“ по неколку стотици евра. Се работи за луѓе со послаб финансиски статус, кои тоа го прифаќаат наместо побогати антиваксери на кои им е потребен ковид-сертификатот за да можат да функционираат во периодот на рестирикции воведени поради пандемијата наметната од коронавирусот.

Новинарите од љубљанскиот весник „Дело“ пренесуваат дека стапиле во контакт со млад човек кој досега бил вакциниран четири пати ! Според неговиот исказ побарувачката за луѓе кои сакаат да се вакцинираат во името на други сограѓани е на цена уште од мај годинава.

Весникот наведува дека наметнатиот проблем за здравствените власти во земјата ги доведува во прашање методите со кои се одредува идентитетот на луѓето кои се вакцинирани.

На инфективната клиника во Љубљана се врти приказна за сограѓанин кој бил зависник од дрога дека досега бил вакциниран 23 пати !?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.