Во првиот квартал од годинава забележан е раст на депозитите на албанските иселеници за 11 отсто, споредено со истиот период минатата година

Според Централна банка на Албанија дознаките изнесуваат 169 милиони евра, што е за 17 милиони повеќе во однос на споредбениот период, кога изнесувале 150 милиони.

Пандемијата услови иселениците да користат се повеќе и повеќе официјални канали за нивните дознаки главно преку банкарскиот систем или операторите за трансфер на пари, како резултат на блокирање на границите што го попречуваат нивното пристигнување во земја, наведува Банката.

Според податоците на банката, минатата година девизниот прилив од емигрантите изнесувал 673 милиони евра, што е помалку од 2019 година, кога нивната вредност се проценуваше на околу 702 милиони евра.

Дознаките, што се еден од главните извори на приход за многу албански семејства, бележат тренд на зголемување, особено во последниве години, што е последица на високото ниво на емиграција. Италија и Грција и понатаму се главните канали на дознаки, поради големиот број иселеници кои живеат и работат во овие земји. Но, во последниве години, приливот се зголемува од земјите каде и бројот на албански иселеници се зголемува, главно Велика Британија и особено Германија, наведуваат албанските медиуми.

Според албанскиот Институт за статистка, ИНСТАТ, по падот на тоталитарниот режим, за неполни три децении, околу 1,64 милиони албански граѓани или 36 отсто живеат и работат во странство, главно во Грција, Италија, Германија, САД, Канада, Велика Британија и Швајцарија.

Само во периодот 2011-2019 година земјата ја напуштиле над 360.000 лица што е 13 отсто од резистентното населението во 2011 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.