Во главниот град на Црна Гора Подгорица се веат албански знамиња на секој чекор, во пресрет на доаѓањето на албанскиот претседател Илир Мета.

Мета, по покана од црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ, денеска пристигнува во официјална посета на Црна Гора.

Мета ќе се состане со претставници на албанските партии во Црна Гора. Ова му е втора посета на Црна Гора во последните шест месеци.

„Кога ќе се погледне Подгорица преплавена со албански знамиња, се стекнува впечаток дека планот на албанскиот премиер Еди Рама за укинување на границата со Црна Гора е постигнат“, вели црногорскиот портал ИН4С.

Еди Рама во новогодишната порака рече дека отворањето на границата со Косово е само почеток и дека се планира истата постапка и со Црна Гора, Македонија и Грција.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.