Во Подгорица се одржува литургија пред свечениот чин предводен од патријархот на Српската православна црква Порфириј, приодите кон Цетиње се блокирани од граѓани незадоволни што устоличувањето на митрополитот Јоаникиј утре ќе се одржи во Цетинскиот манастир.

На литургијата присуствуваат партијархот Порфириј, митрополитот Јоаникиј, црнопгорскиот премиер Здравко Кривокапиќ, министрите, како и владици, епископи и други гости.

Претходно, поради немирите во Цетиње пред утрешното устоличиување на митрополитот Јоаникиј се огласи претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ.

Ги повикувам сите граѓани, сите религии и нации и политички опции, како што сум правел секогаш, заедно да придонесат за зачувување на мирот, стабилноста и мултиетничката хармонија, одговорно да го заштитат животот и здравјето на секој граѓанин и правото на разновидност како наше најголемо богатство.

Се разбира, ние мора непоколебливо да ја заштитиме слободата, суверенитетот и достоинството на Црна Гора и нејзиниот народ, напиша Ѓукановиќ на Твитер.

Тој го повика и премиерот Кривокапиќ да го одржи ветувањето и да обезбеди сигурност за сите граѓани.

Претходно, група демонстранти кои се против устоличувањето на новиот митрополит на Српската православна црква во историскиот главен град на Црна Гора, ја пробија полициската блокада на влезот од Цетиње и поставија барикади, но и жив штит.

Приодите кон Цетиње од правец на Подгорица и од Будва се блокирани со големи камења, автомобилски гуми, а дел од демонстрантите седат на патот.

За време на пробивањето на блокадата имаше судир помеѓу полицијата и демонстрантите.

Претходно во центарот на Цетиње демонстрантите ја отстранија жичената ограда поставена од полицијата за да ги држи подалеку од Цетинскиот манастир, каде што утре треба да се одржи церемонијата на устоличување.

Српскиот патријарх Порфириј денеска пристигна во дводневна посета на Црна Гора пред утрешното устоличување на митрополитот Јоаникиј во Цетинскиот манастир, на што остро се спротивставија црногорските организации, опозицијата и голем број граѓани денеска се собраа во Цетиње, каде се распоредени најмалку 1.800 полицајци. ми/

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.