Во селото Меченчани, во округот Сисак-Мославина, во близина на Петриње, најпогоденото место од силниот земјотрес во Хрватска, почнаа да се формираат големи дупки во земјата.

Дупките се со различна големина, а некои се со дијаметар од неколку метри.

Како што објави „Индекс.хр“, создадени се десетина дупки на повеќе места, а дел од жителите кои живеат во близина се иселени.

како што пишува „Индекс“, дупките се отвораат затоа што земјотресите влијаат на подземните води.

Пред пет дена Петриње го погоди силен земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтер.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.