Здравствените власти во Нови Пазар соопштија дека при спроведени тестирања на лица кои за празниците дошле од странство, над половина се позитивни на коронавирус.

Инфектологот од тамошната општа болница, Лејла Ќераниќ вели дека моменталната состојба со коронавирусот во регионот на Санџак е стабилна, но дека стравува од она што може да се случи во следните 10-15 дена поради големиот број граѓани кои дошле од странство. Таа објави дека од 50 тестирани од една таква група, во еден ден се добиени 30 позитивни теста.

Докторката Ќераниќ за Н1 изјави дека во Нови Пазар „константно има по 20 хоспитализирани “ и дека од пред еден месец може да се каже дека епидемиолошката состојба е стабилна.

Покрај можноста за зголемување на бројот на заразени лица кои дошле од странство, Ќераниќ како загрижувачки го посочува и фактот дека одѕивот за вакцинацијата кај медицинскиот персонал во Нови Пазар, е мал.

Вакцинацијата во Нови Пазар започна пред Нова година, од геронтолошкиот центар каде што беа вакцинирани сите згрижени и медицинскиот персонал, по што продолжи во Институтот за јавно здравје, Општата болница и Здравствениот дом.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.