Во последните 24 часа се регистрирани 155 нови заразени со Ковид-19 во Хрватска, со што бројот на активни случаи во земјата изнесува 595. Од нив, 111 пациенти се на болничко лекување, а осум и на респиратор. Во вчерашното деноноќие починале две лица.

Од 25 фецруари, кога е регистриран првиот случај, во Хрватска досега се забележани вкупно 361.079 заразени со корона вирусот, од кои починале 8.233. Тестирани се вкупно 2.201.991 човек од кои 3.965б во последните 24 часа.

Заклучно со 13 јули, барем по една доза од вакцините примиле 1.562.081 граѓанин, а вакцинирани се 38,5% од вкупното население, односно 46,3% од возрасната популација. Целосно се вакцинирани 1.317.827 граѓани, од кои, 1.286.628 примиле по две дози, додека 31.199 лица примиле вакцна од „Јансен“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.