Денеска во Хрватска се забележани 6.136 новозаразени, објави министерот за здравство Вили Берош, додавајќи дека уделот на заразени меѓу тестираните е околу 40 отсто.

Едноовремено починаа 67 пациенти, од кои 17 биле целосно, а двајца делумно вакцинирани. Според ова, 25 отсто од починатите се целосно вакцинирани, пренесува Индекс.

Вчера во Хрватска починаа 62, во понеделникот 73, што беше и рекорд во текот на овој бран од пандемијата.

До денеска во Хрватска се забележани 538.701 заразен, а починаа вкупно 10.505 пациенти.

Според податоците на здравствените власти вакцинирани се 63,01 од возрасното население, или 52,78 отсто од целокупното население.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.