Во последните 24 часа во Хрватска нема нови случаи на коронавирус, а од почетокот на епидемијата се заразени вкупно 2.249 лица, објави Штабот за цивилна заштита.

Досега се тестирани 69.606 лица, од кои 257 во последните 24 часа. Седум лица се во болница, додека ниту еден пациент не е на респиратор.

Вкупниот број на оздравени е 2.132. Од нив, 828 се отпуштени од болница, а 1.311 биле на домашно лекување. Досега починаа вкупно 106 лица.

Штабот, исто така, објави дека од 15 јуни ќе биде можно да се одржуваат спортски натпревари во присуство на гледачи, со препораки од Хрватскиот завод за јавно здравје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.