Во Хрватска се уште не е забележан ниту еден слуај на сезонски грип, иако почна сезоната, а минатата година во истиот период беа регистрирани 134 случаи, објави хрватскиот весник Јутарњи лист.

Минатата година во Хрватска до крајот на сезоната на грип беа регистрирани 59.725 случаи, што е просечна бројка.

Според податоците на Европскиот центар за контрола на болестите (ЕЦДЦ) се уште не е забежани ниту една хоспитализација поради грипот во 55 европски земји, во 30 држави се пријавени активности во почетна фаза, а има пет извештаи за низок интензитет, а 29 држави не пријавиле никаква активност на грипот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.