Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 234 новозаразени со коронавирус и четири смртни случаи, објави Националниот штаб за цивилна заштита.

Бројот на активни случаи во ова време во Хрватска е 1.325. Меѓу нив, 297 пациенти се во болница, од кои 26 пациенти се на апарати за дишење.

Од 25 февруари до денес во Хрватска се евидентирани вкупно 16.827 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 284 починале. Закрепнаа 15.218 лица, од кои 161 во последните 24 часа.

Во моментов има 7.903 лица во самоизолација.

До денес се тестирани вкупно 312.406 лица, од кои 5.322 во последните 24 часа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.