Илјадници сопственици на имот во Грција ќе плаќаат повисоки даноци поради големите промени кои ќе стапат на сила во 2019-та година, соопштува грчкиот весник „Катимерини“.

Од 1-ви јануари трошоците за пренос на имот ќе се зголемат, бидејќи даноците ќе бидат пресметувани по нова формула наречена објективни вредности – усогласување на цените на имотите кои се користат за даночни цели, кон актуелните пазарни курсеви. Тие беа создадени претходно оваа година и ќе стапи во сила во 2019-та година.

Новата формула исто така ќе се користи за сите даноци на имот. Во 2019-та година е предвидено намалување со просек од 10% на данокот за недвижности, познат по кратенката (ENFIA), но тој најверојатно ќе биде неутрализиран од новата промена на објективните вредности во текот на летото.

Објективните вредности кои се применуваат од летото оваа година за „ENFIA“, ќе важат и за сите други имотни даноци од јануари. Така, сите имотни трансакции во 2.792 зони во Грција ќе се зголемат поради зголемувањето на објективните вредности.

Лиценцираните проценители во областа на недвижностите ќе почнат да размислуваат за нови објективни вредности по законите кои ќе влијаат 10.000 зони во земјата и ќе се однесуваат за „ENFIA“ во 2019-та година и за останатите имотни давачки од 2020-та година.

Грчкото Министерство за финансии планира исто така да го ревидира начинот на кој се дефинираат објективните вредности, како промените на коефициентите за возраст, фасада, ниво и т.н. на имотот, па да се приближат до вистинската пазарна вредност врз основа на понудата и побарувачката на пазарот за недвижнини. Ова значи дека во наредните неколку години „ENFIA“ и другите даноци значително ќе се променат, пресметани врз основа на објективните вредности.

Во 2019-та година, повеќе од седум милиони сопственици на куќи ќе ги добијат своите нови фактури за „ENFIA“ онлајн во август. Даноците кои сопствениците за имот до 60.000 евра ги плаќаат, ќе бидат намалени до 30%, но луѓето со поголеми имоти не можат да очекуваат попуст над 100 евра.

Сопствениците на имот од средната цена класа – 200.000 евра или повеќе, не можат да очекуваат намалување на даноците, а дури и за сопствениците на мали станови, кои сега добиваат попуст од данокот за недвижности, тој ќе исчезне, ако нивните имоти се наоѓаат во една од областите со зголемување на објективната вредност во текот на летото.

in

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.