Во градот Патра во Грција е регистриран прв случај на видот „Β.1.617“, односно мутацијата на корона вирусот што преовладува во Индија.

Од Националната организација за јавно здравје на Грција соопштуваат дека на 22 март било потврдено маж е позитивен на оваа мутација, откако шест дена претходно се појавиле симптомите, карактеристични за корона вирусот, но не била потребна хоспитализација.

Заразениот немал контакт со позитивен случај или патување во странство.

Според Националната организација за јавно здравје, конкретниот вид има низа мутации вклучувајќи ја и комбинацијата „E484Q“ и „L452R“.

Сепак, оттаму објаснуваат дека откриениот вид во Грција „не ја носи мутацијата ‘E484Q’, што се карактеризира како мутација која го избегнува имунолошкиот систем“, а досегашните податоци од анализите, „сугерираат дека видот ‘B.1.617’ без мутација ‘E484Q’ потекнува од САД, поконкретно од Калифорнија“.

Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 2.754 нови случаи на Ковид-19 со што вкупниот број на заразени се зголемил на 329.134. Починале 76 лица, со што има вкупно 9.864 смртни случаи од почетокот на пандемијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.