Од седум до 360 отсто е зголемено присуството на коронавирусот во отпадните води во пет делови на Грција за периодот 12 до 18 април, споредбено со една седмица претходно, согласно официјалните податоци од националната организација за јавно здравје на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Зголемувањето е најизразено во градот Агиос Николаос на островот Крит, каде што е 360 отсто, во областа Атика, поширокиот регион на Атина е 171 процент, а најмало е во Лариса – седум отсто.

Од друга страна, во шест од 11 анализирани региони, се забележува намалување од шест до 30 проценти

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.