Имунизацијата со ажурираните вакцини против Ковид-19 кои заштитуваат од варијантата Омикрон, во Грција ќе започне в среда, а вакцините ќе се користат само како прва или втора бустер доза, односно само за оние кои се веќе вакцинирани до две или три дози, јави дописничката на МИА од Атина.

Претседателката на Националната комисија за имунизација Мариа Теодориду и генералниот секретар во Министерството за здравство на Грција Мариос Темистоклеус на вонредната прес конференција одржана попладнево соопштија детали за процесот на вакцинација, објаснија дека приоритет се граѓаните над 60 годишна возраст и лицата со здравствени проблеми, а платформата за закажување термин е веќе отворена.

Теодориду објасни дека станува збор за мРНА вакцини на Фајзер и Модерна и се ефикасни за варијантите Омикрон еден, Омикрон два, Омикрон 2,7 и Омикрон пет, додека пак бустер дозата треба да се прими три месеци по вакцинацијата или три месеци по прележан Ковид-19.

Потенцираше дека конкретните, ажурирани вакцини се наменети само за вакцинираните, а оние кои се невакцинирани, ќе се имунизираат со постоечките вакцини.

Генералниот секретар во Министерството за здравство на Грција ги соопшти последните податоци за процесот на имунизација во земјата, според кои, досега се имплицирани 21.350.00 дози, а над 7,6 милиони граѓани се целосно вакцинирани со што Грција е на 12-то место во Европската Унија.

Додаде дека на 5.845.000 граѓани се вакцинирани со бустер доза, односно 54,8 отсто од општото население, а во просекот во ЕУ е 53,7 проценти.

Втора бустер доза, односно четврта доза, досега примиле над 555.000 граѓани

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.