Во црногорскиот град Котор синоќа е убиен 69-годишниот Веселин Вукотиќ, татко на водачите на криминалниот „шкаљарски“ клан, Јован и Игор Вукотиќ.

Како што соопшти црногорската полиција, Вукотиќ бил застрелан со повеќе куршуми пред неговата куќа, од страна на засега неидентификувано лице, кое побегнало во непознат правец.

Ранетиот Вукотиќ веднаш бил пренесен в болница, каде набрзо им подлегнал на повредите.

Мотивите за убиството на Вукотиќ засега не се познати.

„Шкаљарскиот“, заедно со „кавчанскиот“, се два криминални клана од Котор, што последниве години водат меѓусебна војна, при која досега се убиени над 30 лица. Двата клана во минатото беа дел од една криминална група, но откако кон крајот на 2014 година во шпанскиот град Валенсија исчезнаа околу 300 килограми кокаин што и припаѓаа на групата, таа се подели на „шкаљарци“ и „квачанци“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.