Црна Гора во неделата ја надмина границата од илјада починати како резултат од компликациите кои ги предизвикува болеста Covid-19, додека истовремено првпат по Втората светската војна во „ковид годината“ земјата забележала негативен природен прираст.

Според податоците коишто во неделата ги објавија здравствени власти Црна Гора, во последните 24 часа регистрирани се 502 нови случаи на коронаинфекции, додека пријавени се нови четири смртни исходи поврзани со Covid-19.

Вкупниот број починати поврзани со Covid-19 во Црна Гора од почетокот на пандемијата е 1.003“, соопшти институтот за јавно здравство на Црна Гора.

Црна Гора кон средината на март ќе се одбележи годишнината од првиот потврден случај на зараза со коронавирусот во земјата, по што следеше општо затворање на државата, па првиот бран на коронавирусот во земјата однесе само девет животи, а вкупно се заразија со 324 лица, според официјалните податоци на тогашните власти.

Потоа кон крајот на мај минатата година Црна Гора се самопрогласи за првата „корона фри“ земја во Европа, најавувајќи дека на тоа ќе ја гради туристичката сезона, но веќе кон средината на јуни вирусот повторно се појави во земата и започна неконтролирано да се шири.

Од средината на ланскиот јуни до денеска повеќе од 75.000 Црногорци се заразиле со коронавирусот, што претставува 12 отсто од вкупната популација, додека во моментов се активни повеќе од 8.500 случаи на заразата.

Вакцинирањето против коронавирусот во Црна Гора започна пред седум дена, и тоа со руската вакцина „Спутник V“ која земјата ја доби како донација од Србија, додека кинеската доза од 30.000 дози од вакцината „Sinopharm“ ќе пристигнат во Подгорица за неколку дена.

Според податоците за минатата 2020 година коишто ги објави црногорскиот завод за статустика Монсат, првпат по Втората светска војн, лани Црна Гора забележан е негативниот природен прираст.

Во 2020 година, која ја одбележа пандемијата на коронавирусот, во Црна Гора се родиле 7.082 бебиња, додека починале 7.278 лица. Статистиката, исто така, покажува дека минатата година во Црна Гора починале речиси 700 лица повеќе отколку во претходната 2019 година.

Корона-кризата влијаела и на тоа младите да го одлужуваат склучување бракови, па лани се венчале само 2.107 двојки, за разлика од претходните години кога бројот на новите бракови секогаш бил повисок од 3.000 венчавки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.