Компанијата “Adriatic Marinas” од Тиват, нуди на пазарот  недвижности од комплексот наречен  “Boka Place”, нов дел од луксузното  туристичко одморалиште Порто Монтенегро, а странците ќе добијат црногорско државјанство како подарок, доколку купат  станови и деловен простор.

Изградбата на овој комплекс ќе започне кон крајот на годината, а цената на становите од различни конструкции чини од 190.000 до 347.000 евра, додека цените за трокреветните апартмани со луксузни апартмани не се објавуваат во брошурата и ги добиваат само заинтересиран клиент во директен контакт.

Минималната инвестиција за добивање на црногорски пасош е 450.000 евра.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.