Бугарските ученици пред септември нема да се вратат во училишните клупи зошто владата сака да биде крајно внимателна, иако земјата не е меѓу најнастраданите од коронавирусот во Европа, рече денекса бугарскиот министер за одбрана.

„Онлајн наставата продолжува се до крајот на училишната година“, рече министерот Красимир Валчев на прес конференција.

Онлајн настава е воведена веднаш на почетокот на изолацијата кон средината на март. Наставата се емитува и преку јавната телевизија. Во сиромашните квартови каде живеат Роми асистенти на децата им носат училишен материја во печатена форма.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.