Бугарскиот пратеник од поранешната владејачка партија ГЕРБ, Емил Радев, со провокативни изјави апелираше до колегите од Европскиот парламент да не се обидуваат да ја промовираат темата за постоењето на македонското малцинство во Бугарија. Како што вели тој, во неговата земја нема македонско малцинство.

Во Бугарија нема македонско малцинство и тоа е став околу кој не треба да се дозволуваат компромиси. Очекувам дека јас и моите бугарски колеги во ЕП едногласно да го браниме тој став, без разлика на нашите политички убедувања и разлики. Поигрувањето со темата, која си ја дозволува екстремната левица на популисти како ирската пратеничка Клер Дејли, во најмала рака е во спротивност со вистината и во суштина претставува неправеден и пристрасен напад против нашата земја, посочил бугарскиот политичар, а објави сајтот „Епицентар“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.