Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина се регистрирани 1.555 новоинфицирани со коронавирус, а биле тестирани вкупно 3.137 лица.

Ова практично значи дека секој втор граѓанин кој е тестиран е заразен со коронавирус. Регистрирани се нови случаи во сите кантони во Федерацијата БиХ.

Во последните 24 часа, дури 21 лице починало како резултат на коронавирусот.

Досега се тестирани вкупно 196.308 примероци, а вирусот е потврден кај 27.649 лица.

До денеска, во Федерацијата БиХ оздравеле 18.567 пациенти, а во изминатите 24 часа е забележано опоравување кај 275 пациенти.

Во моментов има активни 8.358 позитивни случаи на коронавирус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.