Во Босна и Херцеговина е регистриран прв случај на гама сојот на корона вирусот.

Шефот на лабораторијата за молекуларно-генетски и форензички истражувања, Теуфик Голетиќ, соопшти дека гама сојот е откриен кај еден странски државјанин кој претстојувал во Херцеговина.

Претходно, на истото подрачје беа откриени и првите случаи на зараза со делта сојот во БиХ, а преносители биле странците кои го посетиле Меѓугорје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.