Во Босна и Херцеговина, 25.521 лице било заразено со вирусот корона, 18.109 оздравеле, додека 770 починале како резултат на инфекцијата, се вели во податоците на Министерството за цивилни работи во Советот на министри на БиХ.

Потврдени се 16.445 случаи на инфекција во Федерацијата БиХ, 8.771 во Република Српска и 305 во областа Брчко. Во ФБиХ има 6.642 активни случаи на инфекција со коронавирус, 2.798 во Република Српска и осум во областа Брчко.

Според пресекот направен денес во 12:00 часот, во ФБиХ оздравеле 12.152 лица, во Република Српска 5.681 и во областа Брчко 276 лица.

Во ФБиХ починаа 457 лица, во Република Српска 292 и во областа Брчко 21. Вкупно 224.569 лица биле тестирани на корона во БиХ, од кои 145.811 од ФБиХ, 75.158 од Република Српска и 3.600 од областа Брчко.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.