Кризниот штаб на Србија за борба против коронавирусот на утрешната седница треба да донесе нови мерки со кои се тргнуваат од сила огранилувањата за работа на угостителските објекти.

Затворените делови од рестораните и кафулињата, како што дознаваат медиумите, ќе бидат отворени во сабота, на 8 мај.

Кризниот штаб наводно се решил на ваков потег затоа што бројките на новозаразени паѓаат.

Да потсетиме, утрово претседателот Вучиќ побара од Кризниот штаб да ја разгледа одлуката за отворање на рестораните.

Се надевам дека Кризниот штаб ќе го почитува и тоа и дека ќе можеме да отвориме рестораните од петок, а не само тие што имаат летни бавчи. Па да видиме, рече Вучиќ за ТВ Пинк.

Тој додаде дека се надева дека ситуацијата дополнително ќе се подобри и дека свадбите во Србија ќе бидат можни од јуни или јули.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.