Градоначалникот на Белград, Зоран Радојичиќ потврди дека денеска ќе биде прогласена вонредна состојба во Белград.

Се воведуваат и три нови мерки – забрана на работата на ноќните клубови по 23 часот, евентуално казнување за неносење на маски и забрана на собири со повеќе од 100 лица во затворен простор.

Воведување на нови мерки во спречување на ширењето на коронавирусот во Белград најави ноќеска претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

На две недели ќе бидат затворени ноќните клубови, сплавовите од 24 часот до шест наутро, како и кафулињата, освен оние кои имаат тераса, како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот, изјави Вучиќ ноќеска и најави казни за неносење на маски во трговските центри и јавниот градски и меѓуградски превоз со висина од 5.000 до 6.000 динари.

Вучиќ исто така изјави дека доколку не се доволни овие мерки, ќе се донесат други поригорозни.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.