Подржувачите на идејата за „Голема Албанија“, која подразбира формирање една држава во која би влегле делови од териториите на Србија, Црна Гора, Македонија и Грција, добија поддршка од некогаш голема спортска ѕвезда.

Поранешниот светски првак во карате, Енвер Идризи, гостувал на одбележување на 552 години од смрта на Скендербег во Женева, Швајцарија, при што побарал да се подигне споменик на Скендербег и во албанските градови како Ниш или Медвеѓе, објави порталот „Кантон27.цх“.

Кога го имаме Скендербег во еден таков меѓународен важен град како што е Женева, зошто да не би го имале и во албанските земји и градови како што е Медвеѓе, Ниш…?! Скендербег е наш национален јунак кој се почитува секаде каде што се Албанците. Со задоволство би го финансирал подигањето негов споменик во Ниш и Медвеѓе – вели Идризи.

Идриз кој е се натпреварувал во карате, бил европски првак во 1993 и 1995 година, а вицешампион во 1994 година, светски вицешампион во 1994, како и освојувач на Светскиот куп во 1993 и во 1995 година.

Инаку Идризи е Албанец роден во Скопје, кој потоа блескал на меѓународна сцена како репрезентативец на Хрватска.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.