Продолжува високата бројка на новозаразени и почнати во Албанија и во последното деноноќие.

Од вкупно направените 2.186 тестови, опасниот врус е потврден кај 705 лица, што е 32,2 отсто од тестраните, со што вкупната бројка на заразени од почетокот на пандемијата се зголеми на 39.719 од вкупно направените 194.806 тестови.Во исто време битката со опасниот вирус ја загубија 17 пациенти или 839 до сега, информираше Министертвото за здравство и социјална заштита.

Се додава дека во списокот на оздравени се впишани 528 односно 19.912 од вкупно заразените. Активни на болеста се 18.968, од нив во четирите ковид болници хоспитализирани се 484. Поголемиот процент од активно болните се лекуваат во домашни услови, додека дел амбулантски.

Во текот на денов Комитетот на експерти за справување со пандемијата соопшти дека поради влошената епидемиолошка состојба продолжуваат ограничувањата, меѓу кои и полицискиот час од 22:00 до 6:00 часот, забраната за какво било партиски и празнични собирања, а домашни веселби и погреби да бидат само во тесен круг на семејството.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.