Поради високите бројки на новозаразени во текот на овој месец, во просек 300 дневно или 22 отсто од тестираните, албанскиот Комитетот за заразни болести најави ограничување на работното време на угостителските објекти.

-За последните две недели, инциденцата на случаи со Ковид-19 е 130 на 100.000 жители. Ја разгледуваме можноста за ограничување на работното време на угостителските објекти по 22:00 часот. На почеток тоа ќе биде во местата каде се сметаат за жаришта на болеста. Ве замолувам строго почитувајте ги мерките да не мораме повторно да воведување построги мерки, апелираше Мира Ракацоли, заменик министерка за здравство и социјална заштита.

Поради влошената епидемиолошка состојба, Министерството за образование започна со подготовки за продолжување на наставата преку интернет. За таа цел извршена е обука на 17.000 наставници низ целата земја за користење онлајн платформа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.