Во Албанија е Ден на жалост, а знамињата на сите институции се спуштени на половина копје поради жртвите од земјотресот со јачиа од 6,4 степени по Рихтер. Од под урнатините досега се извлечени 45, а се трага по уште десетина исчезнати. Помош пристигна од земјите од Европа и светот, како и од регионот.

Спасувачките служби трагаат по преживеани под урнатините по разорниот земјотрес, што вчера ја погоди Албанија. Синоќа околу 19 часот беа регистрирани уште два потреси. Првиот со јачина од 4,7 степени по Рихтер, а неколку минути подоцна, вториот со сличен интензитет. Луѓето кои останаа без своите домови, ноќта ја поминаа во шатори. Расте бројот на загинати. Последна информација е дека загинати се 27, а има и над 650 повредени.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.