Во Албанија во последното деноноќие регистрирана е висока бројка на новозаразени, оздравени но и починати од последици од Ковид-19.

– Во изминатите 24 часа од 2.026 тестирани новиот корона вирусот е дијагностициран кај 545 лица, што е 27 отсто од тестраните. Во исто време имаме висока бројка на починати или 16 на возраст од 49 до 82 годни, додека во списокот на оздравени се впишани 397лица, информираше албанското Министерство за здравство и социјална заштита.

Во моментот во трите ковид болници се хоспитализирани 471 паценти, од нив 27 на интензивна терапија а деветмина се интубирани.

Од почетокот на март кога беа регистрирани првите случаи во Албанија, направени се 186.243 тестови, позитивни на вирусот биле 36.970 луѓе, оздравеле 18.152, починале 787, додека активни на болеста се 17.851 лица.

Во меѓувреме поранешниот министер за здравство и потпретседател на Движењето за социјалиситичка интеграција, Петрит Васили ја обвини владата на Еди Рама за несоодветно справување со пандемијата со Ковид-19.

– Јасно како ден е дека управувањето со пандемијата во Албанија го следи патот на спонтаноста. Единствената грижа што ја има Владата и Еди Рама не се животите на луѓето, туку само слоганот „јас да живеам“, напиша меѓу другото Васили на Фејсбук.

Тој посочува дека се што Владата ветила за пандемијата не остварила и оти „се зголемува бројот на заразени, а за жал во последно време се зголемува и бројот на починати“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.