Британскиот вид на коронавирус е откриен во 17 градови на Турција, соопшти Министерството за здравство. Мутираниот вирус е еден од факторите за пораст на бројот на заболени во Европа и затоа Турција мора да биде многу внимателна, напиша на Твитер министерот за здравство Фахретин Коџа.

Во нашата земја се потврдени 128 заразени од мутираниот вирус. Британскиот вид е регистриран во 17 градови, напиша Коџа.

Турскиот министер истакна и дека новиот вид на коронавирус не влијаел врз ефикасноста на вакцината.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.