Поранешната претседателка на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ добила понуда да биде гостинка во ТВ-серијата „Дар Мар“. Колинда ја прифатила понудата, а на снимањето поминала одлично и добро се забавувала.

Епизодата со нејзината „камео“ улога треба да биде прикажана во јануари.

Поради договорот, Колинда засега не смее да зборува за тој ангажман, но таа, сепак, за „Јутарњи лист“ открива дека на снимањето си поминала убаво и затоа се согласила на улогата.

Инаку, серијата „Дар Мар“, која е опишана како теленовела, почна да се емитува на 5 октомври, а во серијата играат Ксенија Пајиќ, Синиша Ручиќ, Милан Штрљиќ, Јан Керекеш, Ана Бегиќ Тахири и многу други.

Иако не е познато каква улога доби Грабар-Китаровиќ, се претпоставува дека таа може да биде поврзана со ликот на девојчето Линда Гроб, многу паметна девојка, која сака да се занимава со политика, а нејзин пример е претседателката Колинда Грабар-Китаровиќ. чиј постер го има на ѕидот од својата соба.

Патем, Колинда Грабар-Китаровиќ е една од главните sвезди на новата хит-серија „Театар Керемпух“ – „Претседателка (претпоследна вечера)“, каде што ја олицетворува актерката Орнела Виштица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.