Во Србија досега од грип починаа 19 лица, бројот на заболени секој ден расте, а според последниот извештај на националниот Институт за јавно здравје „Др. Милан Јовановиќ Батут“, постои сомнеж дека 85.000 лица се заразени со еден до два изолирани вируси на грип, кои се евидентирани од страна на здравствените служби во регионот.

Само на подрачјето на Ниш досега починаа шест лица, а од 32 хоспитализирани пациенти, 11 се животозагрозени. Само минатата недела, бројот на пријавени случаи изнесувал 3.800. Тој се зголемил двојно во споредба со седум дена претходно.

Минатиот викенд во Чачак почина две и пол годишно момче, а со вирус на грип е заразена и неговата сестра близначка.

Епидемијата засега е пријавена само на подрачјето на Ниш, Пирот и Ужице, епидемиолозите предупредуваат дека постои тенденција за зголемување на бројот на вирусни инфекции, но исто така тврдат дека „сегашната ситуација не е невообичаена”.

Институтот „Д-р. Милан Јовановиќ Батут“ објаснува дека е регистриран среден интензитет на активност на грип, како и широката географска распространетост.

Досега се потврдени случаи на грип на територијата на градот Белград во 23 од 29 окрузи.

Регистрирани се случаи на вируси на грип од типот A -Х1Н1 и Х3Н2, кои се најзастапени во земјите од регионот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.