Авион „цесна 150 М“ слетал на автопатот Загреб – Риека.

Читатели на 24сата.хр кои во моментот се наоѓале во автомобил, го снимиле принудното слетување.

Почна да кружи над нас, се спушти многу ниско, но ние мислевме дека тоа е нормално, потоа сфативме дека тој ќе слетува. Малку одеше по средината на патот додека да се забие со крилото во десната ограда. Од авионот излегоа жена и маж преплашени – рекол читателот.

Наводно, во инцидентот немало повредени.

Засега нема информации за околностите поради кои авионот морал принудно да слета

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.