Претседателот на Србија Александар Вучиќ вчера во емисијата „Упитник“ најави дека викендов ќе биде во Охрид на средба со премиерите на Македонија и на Албанија, Зоран Заев и Еди Рама.

Главна тема ќе биде т.н „Мал шенген“ кој го најавија тројцата лидери. Покрај Охридското езеро ќе бидат продолжени разговорите почнати во Нови Сад за укинување на бариери за слободен проток на стока, услуги, луѓе и капитал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.