Претседателот на косовското Собрание, Кадри Весели изјави дека ја одбил понудата, како претставник на владејачката коалиција, да биде нов премиер на Косово.

Вистина е, имаше понуди да се продолжи овој мандат до 2021 година, со мандатар за премиер од Демократската партија на Косово, односно со мене. Имаше понуди и од партии кои во јавност зборуваат за многу брзи предвремени избори – нагласи Весели.

Тој истакна дека тоа нема да се случи поради околностите во кои се наоѓа Косово моментно и дека граѓаните заслужуваат влада која ќе ги води на патот за подобра перспектива и борба против корупцијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.