Двете досегашни опозициски партии во Косово, Движењето Самоопределување (ВВ) и Демократскиот сојуз на Косово (ДСК), според официјалните податоци на Централната изборна комисија (ЦИК), победија на вонредните парламентарни избори што се одржаа вчера во земјата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Лидерот на ПДК, Кадри Весели, синоќа го призна поразот на неговата партија.

Заедно со ПДК работевме напорно за да победиме на овие избори, но граѓаните ја дадоа својата пресуда и ние се согласуваме. ПДК ќе премине во опозиција, но ние ќе продолжиме да им служиме на нацијата и на државата, изјави Весели.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.