Најмалку 23 лица се извлечени од под урнатините на една зграда во Драч, а помеѓу нив е и едно дете.

Сите тие се хоспитализирани во најблиската болница.

Во меѓувреме гинекологот Аника Докле објави дека 20 минути по силниот земјотрес што ја погоди Албанија, родени се близнаци. Таа сподели и видео од новороденчињата.

Јас и моите пријатели овој пат повторно сме во породилиште. Близначките се родени 20 минути по земјотресот. Ова е најдобар симбол на континуитетот на животот. Немам зборви!, напиша Докле на „Фејсбук“, без да прецизира каде се родени близнаците.

Во силниот земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала кој рано утрово ја погоди Албанија, загинаа најмалку девет лица, а повредени се повеќе од 300 луѓе.

Албанија потоа ја погодија и повеќе последователни потреси

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.